Позитива на денот: Здравствените работници во А1 Арена на чело со Космонаутко танцуваат на новиот хит на Дац и Александар, „Вакцина“ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Весела атмосфера во спортска сала А1 Арена - со запазена дистанца и заштитни маски, здравствените работници шират позитива од рано наутро со најновиот хит.

“Малце ќе ве пецне, малце ќе ве боцне” се зборовите на новиот хит на распеаното дуо Дац и Александар, “Вакцина”. 
Актерот Драган Спасов Дац и кантавторот Александар Митевски, на роденденот на “Корона Чао”  направија нов кавер на светски познатата “Марина” од Роко Граната, како духовита химна за масовна вакцинација со позитивна енергија. Тие пејат заедно со нивните пријатели музичари и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко, а песната веќе стана хит на социјалните мрежи и се слуша на радио станиците.

Денес, на социјалните мрежи се споделува хит видео од спортската сала А1 Арена, каде што тече процесот на масовна вакцинација, здравствените работници на чело со  Денис Јанкуловски Космонаутко, играат и пејат на веќе, слободно можеме да речеме, хитот „Вакцина“.

Со весела атмосфера, запазена дистанца и заштитни маски, здравствените работници шират позитива од рано наутро.


Дац и Александар велат дека “песната е составена од пораки на viber, a видеото е снимено со телефонот на Дац” спонтано додека сите биле собрани за снимање. Ова е подарок за сите нивни фанови од Македонија и регионот, а тие на шега велат дека не е исклучено повторно некој државник од регионот да ја сподели и оваа песна, како што тоа го направи Бојко Борисов со “Корона Чао”.

Нивната мисија на ширење љубов и позитивна енергија и секако поддршка на здравствените работници во ова време-невреме продолжува, а тие се сигурни дека сега кога ја имаат “вакцината”, тоа ќе им оди побрзо. Уживајте во новиот хит кој нема да ве остави рамнодушни и сигурно ќе ве насмее.