Познатиот српски актер си ја најде својата другарка после многу децении во манастир: Сергеј Трифуновиќ раскажа неверојатна приказна

Добивај вести на Viber

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ неодамна на социјалните мрежи објави приказна која ги воодушеви неговите следбеници. 

Тој сподели дека по многу години повторно се сретнал со својата колешка од студентските денови – актерката Александра Сашка Губериниќ, која денес живее сосема поинаков живот.

„Некогаш се викаше Александра Сашка Губериниќ, ја познавав од аматеризмот, потоа се запиша на ФДУ и беше една од најталентираните актерки што сме ги имале. Денес е Мајка Лукија, Игуманија на манастир во Црна Гора. Куќата во која е манастирот е нејзината родна куќа. Тоа е една фантастична приказна што нема да ви ја раскажам. Исто така, нема да ви кажам ниту каде е манастирот, затоа што тоа е нејзина желба.“, напиша Трифуновиќ.

Средбата се завршила со заеднички фотографии, а актерот истакна дека се чувствува исклучително среќен што по толку време повторно ја видел својата колешка од ФДУ, која во минатото ја опишал како една од најталентираните актерки на генерацијата.

Оваа необична приказна сведочи дека патиштата на луѓето се непредвидливи – некои продолжуваат со световни кариери, а други избираат духовен пат. Како што вели актерот, вистинското пријателство е и световна и духовна компонента, а токму тоа ја прави оваа средба посебна.

М.С.К