Пред 21 година рече „Ќе го држам овој човек за рака додека не умре“: Денес се разведува од милионерот и ја сфати горката вистина

Добивај вести на Viber

Познатата убавица поднесе барање за развод од моќниот адвокат, а во игра се милиони.

Ерика Џејн (49) се најде на увид на јавноста пред 21 година кога се омажи за многу ценет и моќен адвокат, Томас Гирарди (81), кој е 32 години постар од неа. Ерика тогаш имала 28 години и сите ја обвинувале дека всушност се омажила за милионите на Томас.

Она што беше интересно и тогаш беше што двајцата не склучија никаков предбрачен договор за време на венчавката.

„Има толку многу слоеви вклучени во овој развод. Сè е толку комплицирано. Тешко е да се објасни“, прокоментира Ерика неодамна за „Вистинските домаќинки на Беверли Хилс“. Во истата емисија, тие објавија снимка од почетокот на нивниот брак, кога таа изјави „ќе го држам за рака овој човек додека не умре“.

Откако се појави веста за разводот, Ерика се појави во јавноста во комбинации што не личеа на неа. Додека порано беше секогаш во брендирани парчиња, секогаш под целосна шминка и фризура, веќе подолго време се појавува без шминка и во спортски изданија. Затоа медиумите пишуваат дека очигледно и било тешко да се разведе од Томас, кој има богатство вредно 30 милиони долари.

- Ќе ви кажам нешто сосема искрено. Се омажив за многу моќен адвокат. Како и да е, предбрачен договор не би ми помогнал бидејќи ништо не може да му застане на патот. Тој таа хартија би ја искинал за две секунди - рече Ерика по објавувањето на разводот.


Foto: pagesix/Instagram