Животна училница // Приказни
Пријавете се: Објавен повикот за туристички ваучери од 12.000 денари
- 08 Јуни, 2021 16:44
Од денеска е објавен јавниот повик за туристички ваучери од 12.000 денари за работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.
Повикот предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања а истите ќе може да се користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во земјата.