ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ НАМАЛУВА НАСЕЛЕНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА - повторно помалку новороденчиња наспроти умрени лица

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува минус 1.135 лица. Ова значи дека за толкав број лица е помал помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Според податоците на Државниот завод за статситика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот перид лани е намален за 4,2 проценти.
Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1,2 отсто во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.876 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2.792 бракови и нивниот број е зголемен за 8,1 отсто во споредба со истиот период од 2024 година, а регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува зголемување од 0,4 проценти во споредба со истиот период од 2024 година.
Фактор