Животна училница // Приказни
Првата дама Елизабета во уште една хумана мисија: Здружени можеме да ги преминеме сите предизвици
- 20 Јуни, 2021 11:25
Општината Шуто Оризари со помош на општествено одговорни компании и индивидуалци, ја реализира иницијативата Општинска народна кујна.
Таму, во изминатите шест месеци за околу 200 семејства подготвени се околу 40.000 топли оброци.

Дел од иницијативата е и првата дама и сопруга на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.
„Оваа и сличните вакви активности ни покажуваат дека со здружени сили можеме да преминеме преку низа предизвици коишто се дел од нашето секојдневие во овој тежок период предизвикан од пандемијата со ковид-19“, напиша на социјалните мрежи Ѓоргиевска, за која ова е уште една хумана мисија.