Првиот син на Лејла, е и мој прв син: Тарик Филиповиќ и неговата прекрасна сопруга му го честитаа 18-тиот роденден на синот
Синот на славниот водител на квизови, го прослави својот 18-ти роденден, а неговиот татко Тарик разнежни со пораката што му ја испрати. Тој сподели стара фотографија од него и неговите синови кога биле многу помлади.
Водителот Тарик Филиповиќ (49) објавата му ја посвети на неговиот син Дино, кој стана полнолетен. Тој му посака среќен роденден и ги рњазнежни следбениците со зборовите што му ги упати.
„Момчето што ме гушка влезе во мојот живот кога имаше неполни три години… денес го гушнав, долго и цврсто за неговиот 18 роденден… „сега момчето е човек“ како што пееше Кемо… Надвор од сонцето се топи асфалтот, а моето срце се топи од добрина, мојата душа лебди полна со гордост и љубов. Тој веќе ги надмина моите 190цм во висина, и сакам да ме надмине на сите полиња… Денес момчето стана човек, но ... дете мое, секогаш биди разиграно момче, полесно е и поубаво.... Среќен роденден, љубов на тато, затоа што е лесно да се стане татко, но треба многу повеќе да се биде тато…“ напиша Тарик.
Неговата сопруга, победничката на изборот за Мис на Хрватска во 1998 година, убавата Лејла Филиповиќ (44) ја сподели објавата на Тарик.
- Те сакам. Повторно ме расплака - напиша поранешната манекенка, па и таа сподели емотивни зборови за синот Дино:
„Најсреќен18-ти роденден сине мој..
Среќен влез во светот на возрасните и нека среќата те придружува на животните патеки и мама е секогаш тука за тебе како најголема поддршка и љубов..“
Нивниот помал син Арман, има 13 години и е пет години помал од неговиот полубрат Дино - синот на Лејла од првиот брак.
„Првиот син на Лејла, Дино, е и мој прв син“, секогаш вели Тарик кога го прашуваат во интервјуа за децата и Лејла.
Поранешната Мис на Хрватска и еден од најуспешни актери и водители се запознаа во средината на 2006-та година и оттогаш се неразделни, а се венчаа една година подоцна на новогодишната ноќ.