Животна училница // Приказни
Ранду кршеше женски срца во 90-тите, а и беше ветен на Касандра: Еве како изгледа денес актерот кој го глумеше
„Касандра“ беше една од најгледаните теленовели во 90-тите години на минатиот век во поранешна Југославија. Нема никој што не знае за славните херои Касандра, Игнацијо, Луис Давид, Ранду или Доринда.
Во споменатата серија, Ранду е фрлач на нож во циркус, од чии точки им застануваше здивот на гледачите. Тој остана запаметен и по тоа што беше многу зањубен во Касандра, која беше негова ветена невеста.
Актерот кој го играше Ранду се вика Хенри Сото. Денес тој има, верувале или не, 60 години и не личи на славниот Ранду.
Додека на Ранду се сеќаваме по неговата долга црна коса и марами, Хенри има седа пократка коса во приватниот живот и има брада и мустаќи.
Овој актер многумина сѐ уште го поврзуваат со Касандра, а тој самиот не заборавил на својата славна улога и често објавува снимки од оваа серија.
Денес, Хенри глуми во театар и се занимава со хуманитарна работа.