Рашири крилја сега: Почина девојката со ретка болест

Добивај вести на Viber

Ѓургица Каева, девојката која боледуваше од пулмонална хипертензија, си замина од овој свет.

Со години оваа гевгеличанка отворено зборуваше за луѓето кои имаат ретки болести и се бореше до последен здив. Таа беше и претседателка на здружението „Момент плус„.

Нејзиниот пријател, поп- пејачот Игор Узунов сподели многу емотивен статус на социјалните мрежи:

Животот - никогаш не е фер!

Понекогаш колку и да сме силни, непопустливи пред тешкотиите кои не надвјасуваат, таму горе има некој на кого сме му подраги...

Гуга - моја чест беше што растевме заедно некое време, се боревме секој со својата борба.

Рашири крилја сега и покажи им горе кој е најсилниот и најсветлиот ангел!

И, диши слободно...

За нас остануваш во нашите срца, врежана како симбол на најголемиот борец што сме го познавале!