Ричард Гир стана татко на 70 години: Со Алехандра Силва (37) го дочекаа второто дете

Добивај вести на Viber

фото: Shutterstock

Ричард Гир и Алехандра Силва го дочекаа вториот син.
Семејството соопшти дека тие се изолирале заедно на нивниот ранч.

Гласини дека Ричард и Алехандра го очекуваат своето второ дете, се појавија во ноември, но двојката никогаш официјално не ја потврди веста. Тие се венчаа во април 2018 година, а најавија дека го очекуваат своето прво дете заедно, во август истата година, првиот син Александар, дојде на свет во февруари 2019 година.

Алехандра и Ричард, се запознале во 2014 година во луксузен италијански хотел.

Пред раѓањето на синчето, Ричард рече дека не е загрижен да биде постар родител и дека сака да биде татко повторно.

Двојката објави дека го очекуваат своето прво дете на многу уникатен начин.

Алехандра сподели фотографија од себеси и нејзиниот сопруг на средба со Далај Лама - кој ја стави раката на нејзиниот стомак за да го благослови нероденото дете.

Ричард е долгогодишен пријател на Далај Лама, прогонет духовен водач на Тибет.

Двојката има и деца од нивните претходни врски.

Ричард го има синот Хомер (20) со поранешната сопруга Кери Лоуел, со која се разведе во 2016 година по 14 години брак.

Пред тоа, тој беше во брак со првата сопруга - Синди Крафорд четири години (1991-1995).

Во меѓувреме, Алехандра има седумгодишен син по име Алберт со својот поранешен сопруг Говинд Фридленд, со кој беше во брак три години, до 2015 година.