Родила тројка па ги оставила лекарите во неверување: Едно бебе се разликуваше од другите

Добивај вести на Viber

Во септември 2009 година, тројка е родена во мала болница на островот Суматра во Индонезија. Едно бебе, сепак, се разликуваше од другите две и ги остави лекарите и светот во неверување.

Породувањето е посебен момент во животот на жената. За некои жени, сепак, тоа може да биде и повеќе од посебно. Во септември 2009 година, тројка ее родени во мала болница на островот Суматра во Индонезија. Едно бебе, сепак, се разликуваше од другите две и ги остави лекарите и светот во неверување.

Запознајте го Акбар. Акбар, што на арапски значи „голем“, тежел скоро 9 килограми, а при раѓањето бил долг 60 сантиметри. Тој е најтешкото бебе што го имала Индонезија.

Причината за неговата неверојатна тежина? Ани, неговата мајка е дијабетична, а зголемувањето на гликозата ја предизвикало неговата тежина за време на бременоста. Поради тоа, лекарите морале да направат царски рез, кој траел повеќе од 40 минути. Неговите двајца браќа се родени на ист ден, но тие имале „нормални димензии“.

За среќа, Ани и Акбар се здрави, а само загрижениот татко Мухамед рекол: „Се надевам дека ќе можам да си дозволам доволно храна за бебињата, затоа што му треба многу повеќе млеко од другите две бебиња“.


Фото: принтскрин