Само сакав да направам педикир, понижена сум како никогаш порано: Ја исфрлиле од салонот за убавина поради неверојатна причина
„Заминав, влегов во мојот автомобил и навистина ми беше
непријатно!“
Кога Ешли Чафин се преселила во Јужна Каролина во 2018 година, наоѓањето нов салон каде што ќе ги прави ноктите било на листата на нејзините приоритети. „Пош нејл спа“ се чинело како соодветно место.
И покрај тоа што три години не доживеала ништо друго освен позитивно искуство, Ешли тврди дека од минатиот месец и е забрането да прави педикир таму.
Ешли, како што вели, пристигнала во закажаното време на 18 јуни и по кратко чекање била однесена во аголот за педикир. Како и обично, работничката во салонот започнала да ги подготвува нозете за третман, но одеднаш станала и заминала без збор, тврди Ешли за „Фокс њуз“.
Во тој момент на Ешли и пристапила рецепционерката, која и рекла дека не може да ѝ направат педикир поради нејзината тежина.
„Таа ми рече: „ госпоѓо, за жал нема да можеме да ви направиме услуга. Не можеме да го завршиме педикирот поради ограничувањето на тежината"“, се сеќава Ешли.
Како што е наведено во брошурата во која е наведена политиката за салонот, сите клиенти со тежина поголема од 140 кг се одговорни и ќе ги сносат трошоците доколку - се скрши столчето. Сепак, уредбата не кажува ништо за одбивање услуги на клиенти кога станува збор за тежина, туку само доколку тие се груби и непристојни.
- Заминав, влегов во мојот автомобил и навистина ми беше непријатно! Бев понижена и се чувствував ужасно - рече Ешли.
Портпарол на салонот изјави дека ограничувањата на тежината се воведени поради безбедноста на клиентите и откри дека рецепционерот повеќе не бил вработен во салонот, но исто така ветил дека нема да има такви дискриминаторски процедури во иднина.
Фото: freepik
Можеби ќе ве интересира:
Појадувала крофни, во училиште ја нарекувале кит и свиња: Стигнала до 171 килограм, па успеала да намали повеќе од 80