Сара Мејс со нова музичка бајка: „Убав е“ – песна што се слуша, но и длабоко се чувствува

Сара Мејс повторно не’ изненадува со нешто лично, современо и длабоко емотивно. Нејзиниот нов сингл „Убав е“ не е само уште една песна во етерот – тоа е музичка приказна што влегува во срцето од првиот такт. Музиката и текстот се целосно авторски потпис на Сара, а зад аранжманот стои Роберт Билбилов, кој на темата ѝ даде модерен диско пулс со заразен ритам.
Песната е снимена како спој од урбано и романтично – делови од видеото се снимени на плажите во Грција и во срцето на Скопје. Визуелно, сè изгледа како уметничка разгледница – кадри со зајдисонце, топло светло, море и чиста, ненаметлива женственост.
Во фокусот на песната е љубовта – сложена, но вистинита, болна, но потребна. Сара пее за онаа специфична борба на жената со себеси – кога разумот и срцето се во спротивни табори. „Да нема сонце, ќе можам. Да нема вода, ќе можам. Да немам никој, ќе можам. Но, без него не можам“ – стих што ќе одекне во многу жени.
Сара останува доследна на својот стил – емоционален, искрен и длабоко поврзан со женската енергија. Стилот во видеото, за кој се погрижи стилистката Фросина ФРАН Ангеловска, носи летна свежина, малку провокација и многу самодоверба. Шминката е исто така дело на ФРАН, а фризурата на HairHouse – и целата слика изгледа совршено како од модна кампања.
„Убав е“ не е само уште една песна – тоа е вистинска емоција преточена во музика. А Сара повторно ни докажува дека знае да ни ја долови љубовта токму онаква каква што е: убава, болна, неопходна.