Животна училница // Приказни
Сцена од Ковид болница која пациентите никогаш нема да ја заборават: Прво се зачудија што прават докторите, а потоа почнаа да им аплаудираат
- 30 Април, 2021 13:50
Докторите и медицинските сестри од Ковид болницата Гуџарат Парул во индискиот град Вадодара решија барем на 5 минути да им ги вратат насмевките на пацинтите кои со недели заздравувале во неа.
Доктрите им пуштиле песна и со сестрите танцувале пред пациентите охрабрувајќи ги со насмеани лица да ја проследат забавата, доколку не можат да им се придржуват.
Некои од пациентите го проследиле нивниот танц со аплаудирање во ритам на песната, додека други ги земале своите телефони за да го овековечат овој момент кој ќе го паметат засекогаш.