Се „крена прашина“ за сличноста помеѓу Италијанецот Дамиано Давид и принцезата Дајана: Овие фотки станаа вирални преку ноќ

Добивај вести на Viber

Фронтменот на италијанската група „Манескин“ - овогодинешните победници за Евровизија, не престанува да ја воодушевува женската популација.

И, иако за бендот Манескин се мислеше дека ќе биде „секое чудо за три дена“, талентираните музичари ја демантираа јавноста дека за нив е кажано сè, а особено за нивниот фронтмен, Дамијано Давид.

Па последно во низата ексцентрични изданија на пејачот, е неговата фотосесија во секси женска долна облека, со што повторно ја разбранува јавноста.

View this post on Instagram

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)


Пејачот со својот изглед успеа да заведе голем број корисници на социјалните мрежи и да ги подели луѓето во две групи - оние кои воопшто не го сакаат и оние што го обожуваат. Ексцентричниот глам рок стил кој го донесе на евровизиската сцена, му донесе и соработки со светски модни брендови кои се „тепаат“ за го придобијат.

Во меѓувреме, многу работи се дознаа за него - која е неговата девојка, кој е неговиот брат и дали има некој, потоа како изгледал во младоста, но и за што пишувал како дете. Крена прашина и по појавувањето во здолништа, лакираните нокти и секако со задолжителниот црн-ајлајлер, но овој пат, се чини дека фановите отидоа чекор подалеку.

Имено, на Твитер некој забележал физичка сличност помеѓу Дамијано и покојната принцеза Дајана, па направил колаж за споредба. Сепак, токму овој пост стана вирален преку ноќ, а по него се појавија уште многу други.




фото: Profimedia