Се лекуваше од алкохолизам, не сакаше да се омажи, сама посвои деца: Каде е денес најубавата актерка од серијата „Сексот и градот“?

За неа најмалку се зборува во јавноста, а нема некој кој не
ја сака убавата Кристин Дејвис, во која се заљубивме во серијата „Сексот и градот“ пред повеќе од дваесет години.
Кристин Ланден Дејвис, родена на 23 февруари 1965 година, е американска актерка и продуцент. Најпозната е по улогата на Шарлот Јорк Голденблат во романтичната хумористична серија на HBO „Сексот и градот“, во која светската слава ја стекна во 1998 година.
Таа доби номинации за Еми и Златен глобус во 2004 година за улогата на Шарлот, а ја репризираше улогата во филмовите Сексот и градот (2008) и Сексот и градот 2 (2010), како и во продолжението „And just like that… “, која ја снимија познатите девојки минатата година, а следната сезона се очекува во 2023 година.
Пробивот на Дејвис во Холивуд се случи во 1995 година кога ја доби улогата на злобната Брук Армстронг во култната серија Мелроуз Плејс. По неколку успешни настапи во филмови во споредни улоги, Кристин го имаше своето деби на Бродвеј.
Кристин Дејвис е родена во Болдер, Колорадо, САД. Нејзините родители се развеле кога таа била бебе. Нејзиниот очув, професорот Кит Дејвис, ја посвоил откако се оженил со нејзината мајка Дороти во 1968 година. Таа има три сестри од претходниот брак на нејзиниот очув. На 9-годишна возраст, Кристин сфатила дека сака да глуми кога играла во претставата „Снежана и седумте џуџиња“.
По дипломирањето во 1987 година, Кристин се преселила во Њујорк, каде што работела како келнерка пред да отвори студио за јога со пријател.
Во 1991 година, таа глуми во неколку епизоди на сапунската опера „Општа болница“. Во 1995 година, таа ја доби улогата на Брук Армстронг Кембел во серијата Мелроуз Плејс. Една година подоцна, таа го напушти шоуто откако продуцентите го убиле нејзиниот лик. Подоцна, Кристин се појави во сериите „Пријатели“, „Сајнфелд“ и „Вил и Грејс“.
Во 1998 година, Кристин беше избрана за улогата на Шарлот Јорк во серијата „Сексот и градот“. Со таа улога таа стана светски позната актерка. Серијата заврши во 2004 година. Во последната сезона, Кристин заработи номинација за Златен глобус.
Шарлот во серијата се бореше со неплодност, па таа и нејзиниот сопруг посвоија девојче, а во реалниот живот Кристин реши да го направи истото во 2011 година, но како самохрана мајка.
57-годишната актерка никогаш не се омажила, а пред десет години решила да го прошири семејството и да посвои деца за кои не се знае многу. Веста за посвојувањето ја сподели на својата Фејсбук страница.
Во 2011 година Кристин Дејвис ја посвои ќерката Џема Роуз Дејвис, а во 2018 година го посвои синот Вилсон.
Ѕвездата на хит серијата од деведесетите отворено и често во медиумите зборуваше за посвојувањето, како за самиот процес, така и за односот со нејзината темна ќерка.
„Ти велат дека на почетокот треба да се ставиш во улога на дадилка и да не се врзуваш премногу, во случај биолошката мајка да се предомисли и да сака да го врати детето. Се обидуваш да размислуваш така, но навистина е тешко. Кога пристигна кај мене дома, спиеше на моите гради затоа што како посвоител треба да се грижиш за создавање врска“, рече таа.
Како мајка, Кристин мораше да се бори против предрасудите и да го заштити своето дете од лоши коментари:
„Кога имате дете, кое е како вашето срце да е надвор од вашето тело, а тоа срце е во тело со темна кожа, навистина е тешко да се справите со луѓе кои постојано се борат против вашето дете. Постојано и велам: локните ти се убави, кожата ти е убава. Ти си силна. Ти си божица."
Кристин се лечеше од алкохолизам. Во едно интервју таа објасни како рано се запознала со алкохолот во местото каде што пораснала.
„Алкохолот ме ослободи. Бев навистина срамежлива и не знаев како да излезам од мојата школка. Пиев од истата причина поради која сакав и да глумам. Сакав да ги чувствувам работите и да се изразам и да бидам слободена. А природно не сум таква“.
За нејзиниот изглед многу се зборуваше во последните неколку години. Некогаш природната Шарлот денес изгледа сосема поинаку, а тоа е затоа што направила естетски корекции за кои многумина велат дека само и ја намалиле нејзината убавина.
Таа денес живее сама со своите деца во Калифорнија и го снима продолжението на серијата „And just like that…“, со нејзините добро познати колешки Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон.
Фото: Pinteresr/Youtube - screenshoot