Се породи пејачката Миа Борисављевиќ: Неколку часа по породувањето објави фотка со ќеркичката и емотивна порака

Добивај вести на Viber

Денес, попладне, пејачката роди наследничка и објави емотивна порака заедно со првата фотка со ќерката.

Пред неколку часа популарната пејачка Миа Борисављевиќ роди втора наследничка.

Со првата фотографија од породилиштето ГАК „Д-р Драгиша Мишовиќ“, Миа покажа дека мама и бебето се чувствуваат одлично, а девојчето го доби прекрасното име Теа.

Покрај емотивната фотографија, пејачката напиша:

"Здраво свету. Јас сум Теа Грујиќ, сестра на Емина и ќерка на Боки и Миа. Родена сум денес во 12:45 часот, имам 3.16 килограми и долга сум 52 см. Добив оценка 10. Јас сум бушава, црна, исто како што мајка ми ме сонуваше во петтата недела од бременоста“ - напиша гордата мајка. 

View this post on Instagram

A post shared by (@miaborisavljevic)


Колегите, пријателите, следбениците ѝ испраќаат честитки, која веднаш по породувањето се обрати на својот профил на Инстаграм.
Теа е второ дете на музичкиот пар.

извор:GLOSSY