Се склучи љубовна „пресуда“: Пар се регистрираше во струмичкиот затвор

Регистрација во струмичкиот затвор...
Овој чин денес беше спроведен под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, во насока на почитување на основните човекови права и обезбедување правна сигурност на сите лица, без исклучок.
Со регистрацијата, лицето се стекна со правен идентитет, што претставува предуслов за користење здравствени, образовни и социјални права, и значаен чекор кон неговата ресоцијализација.
Овој настан е резултат на успешна координација помеѓу Затвор Струмица, стручните служби и релевантните институции, а претставува и јасен показател дека и во пенитенцијарниот систем постои ангажман за унапредување на хуманоста, инклузивноста и правичноста, информира Управата за извршување на санкции.
Фото: Управа за извршување на санкции
Извор: ФАКТОР