Сега ќе може и без закажување: Вучиќ, алал да ти е човече, Македонка се вакцинираше во Врање

Добивај вести на Viber

Нема потреба од закажување, доволно е да се дојде со лична карта, РТС јави дека за Македонците достапно е вакцинирање во Врање без термини. Таму и викендов имаше нашинци кои заминаа да примат први дози од вакцините против Ковид-19, а според информациите од Србија во спортската сала во Врање од утрово вакцинирани се 353 лица, од кои 274 се државјани на Македонија.

„Немаме закажано, само што дојдовме, не примија. Сакам да му се заблогадарам на претседателот Александар Вучиќ, алал да ти е човече, изјави за РТС на македонски јазик една жена.

Од Македонија доаѓале претежно млади луѓе кои пдооцна би дошле на ред овде.

-Денес имавме голема група и тие беа претежно млади луѓе, кои веројатно во својата земја вакцината би ја примиле многу подоцна. Сите се многу задоволни, среќни и благодарни, изјави д-р Љиjана Антиќ, директор на Здравствениот дом во Врање.

Повеќе детали по оваа тема и информацијата со кои вакцини се вакцинираат граѓаните во Врање, прочитајте на faktor.mk