„Секогаш ќе мора да го делиш со свекрвата“: Пет знаци дека твојот партнер е „мамин син“

Ако планираш да создадеш семејство и да имаш деца, многу е важно мудро да го одбереш партнерот со кој ќе го поминеш животот и ќе ги одгледуваш децата.
Не е секогаш лесно да се процени некоја личност – многу работи можат да ни промакнат или да се појават подоцна – но вреди да знаеш дека според најновото психолошко истражување, експертите открија образец на однесување кој сè почесто ги руши модерните врски.
Станува збор за мажи кои, иако возрасни, никогаш не излегле од сенката на својата мајка. Можеби на прв поглед делуваат мажествено, стабилно и дури и успешно, но зад таа фасада се крие „мамин син“ – емоционално незрел и длабоко врзан за родителската фигура. Ако не ги препознаеш знаците навреме, наместо партнер, ќе ја имаш улогата на втора мајка. Еве како да ги препознаеш предупредувањата:
1. Не живее со мајка си, но ѝ полага сметка за сè
Планирате патување? Тој ја прашува мама. Размислувате за преселба? Таа одлучува. Одлуки што треба да ги донесувате заедно, тој не ги носи без нејзино одобрување. Во секој разговор се слуша „мама мисли“, „мама рече“, „мама предложи“… Ова не е почит – туку зависност.
Психолозите предупредуваат: маж кој не ја пресекол „папочната врвца“, никогаш нема да изгради здрав однос со партнерката.
2. Се натпреварува за нејзината љубов, како да му е партнерка
Ако е единец или пораснал без јасно поставени граници, можно е и понатаму, свесно или несвесно, да се натпреварува за мајчината љубов – со таткото, со браќата, па наскоро и со тебе.
Ова се нарекува психолошки инцест, кога синот ја презема улогата на сопруг во мајчиниот живот, а ти остануваш на страна.
3. Нема приватност – неговата мајка знае дури и за вашата интимност
Сте се скарале? Таа знае. Планирате деца? Прво неа ја консултира. Ако мајка му се меша дури и во вашите најинтимни моменти, а тој тоа го дозволува – тоа не е блискост, туку кршење на твоите лични граници.
Уште полошо: ако таа му дава совети како да те „превоспита“, а тој ја слуша – спреми се да исчезнеш од таа врска.
4. Без нејзино одобрување, ниту една среќа не е вистинска
Доби унапредување? Не се радува додека мајка му не каже дека е „горда на него“. Сака да те запроси? Мора прво да провери дали таа се согласува. Дури и името за детето треба да добие нејзин „амин“.
Во ваквите врски не сте само вие двајца – секогаш стои и трето лице.
5. Не знае да каже „не“ на мајка си, а ти секогаш си втора
Договоривте викенд одмор, а мајка му го повикува да ѝ помогне во дворот? Тој откажува. Планиравте празници заедно? Тој без збор резервира карти за родниот град – зашто „мама се лути“. Во секој судир меѓу тебе и неа – ти губиш.
За него, да ѝ каже „не“ на мајка му значи да биде лош син – а таа улога му е поважна од тоа да биде добар партнер.
Совет од психолозите: Овие обрасци не се само „мамини хирови“, туку длабоки емоционални врски што можат трајно да го нарушат секој однос. Партнерство се гради со зрелост, самостојност и јасни граници. Ако тој не може да се одвои од мајката – тешко дека ќе може вистински да се поврзе со тебе.
Извор: Mondo / РЖМ