Во срцето на ЕУ: Македонска прослава во Брисел со емотивен настап на Елена Петреска

Македонската пејачка Елена Петреска, која веќе неколку години живее и работи во Монс, Белгија, заедно со своето семејство, изминатите денови настапи на значаен дипломатски настан по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Настанот се одржа во еден од највпечатливите и историски најзначајни објекти во Белгија – Градското собрание на градот Брисел (Brussels Town Hall).
На социјалните мрежи, Елена објави фотографии и видеа од настанот, придружени со емотивна порака:
„Благодарна сум што имав чест да настапам на прославата по повод 8 -ми Септември – Денот на независноста на нашата држава, по покана на македонските амбасадори за НАТО и ЕУ, заедно со македонската делегација. Огромна чест е што имав можност да настапам со неколку македонски песни во прекрасниот амбиент на Brussels Town Hall“, напиша Петреска.
Петреска, позната по својот автентичен глас и емоционални интерпретации, исполни неколку традиционални македонски песни, со што внесе топлина и патриотска нота во свечената атмосфера во една од најпознатите готски градби во Европа.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Инстаграм
Прочитај повеќе за Елена Петреска:
Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група