Секој денар го трошеше на мене и учеше со мене: Карлеуша емотивно за тетка ѝ Данијела (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Јелена ги објави нејзините желби за жената која за неа е како втора мајка, не криејќи што сторила сестрата на Дивна за неа уште од раѓањето и расплака многу фанови.

Јелена Карлеуша беше многу приврзана за нејзината мајка, а со тетка ѝ Данијела имаше блиски односи уште како дете, и таа и е најголема утеха по ненадејната загуба на Дивна.

Синоќа Јелена го прослави роденденот на својата тетка во еден белградски ресторан, а за прв пат ги откри деталите од нивната врска. Познато е дека нејзината тетка ѝ е како втора мајка и дека таа ја доживува како своја.

- Данијела, сестра на мајка ми, моја најдобра пријателка и поддршка, најжесток обожавател, моја крв, жена со која пораснав, жена која го трошеше секој денар за мене како девојче, која учешесо мене како што сега учи со Атина и Ника, којаодеше кај мене на родителски и ми ги криеше  неоправданите отсуства, жената со која излегував на забави, а Дивна не знаеше за тоа… - напиша таа, а потоа откри каква е тетка ѝ.


- Поминавме низ многу, многу тешки моменти во животот заедно, но животот не ја промени, таа остана иста Данче засекогаш, среќна и искрена како дете, насмеана, весела … Беше со мајка ми до последниот момент.Ти ја заслужуваш целата среќа на овој свет, драга моја ... Среќен роденден, да се откажеш од цигарите оваа година, да ослабеш и да најдеш прекрасен човек исто толку добра душа колку што заслужуваш - и рече пејачката во здив на тетка ѝ, која секогаш можеме да ја видиме на сите нејзини важни настани во јавноста. Во коментарите под овој пост, многумина напишаа дека плачеле.

Да потсетиме, тетката на Карлеуша беше со нејзината сестра, мајката на Јелена, во текот на целата нејзина борба со болеста. Инаку, Данијела е медицинска сестра, а за време на коронавирусот Карлеуша и даде огромна поддршка.


Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

Можеби ќе ве интересира:

Јелена Карлеуша отворено за бракот и своите маани: Би го дала животот за мојот Душко