Сестри близначки омажени за браќа близнаци: Се породиле во исто време, а сега една со друга си ги дојат децата

Добивај вести на Viber

Сестрите близначки Бритни и Брајан, 33, ги запознале браќата близнаци Џош и Jерми (35) на конгресот за близнаци. Тогаш се роди љубовта меѓу паровите, а потоа следуваше заедничка венчавка во Охајо. После венчавката, на социјалната мрежа Инстаграм ги воодушевија своите следбеници со веста дека сестрите ќе го споделат заедно искуството за бременост.

Нивниот сон конечно стана реалност.

- Момците во претходните врски никогаш не ја разбрале нашата врска. Отсекогаш сме сонувале да се омажиме за идентични близнаци. Луѓето ни рекоа дека шансите за тоа се мали, но ние во срцето знаевме дека на крајот ќе биде така - рекле сестрите.


Кога ги запознале браќата Џош и Jерми, тие знаеле дека пронашле љубов за цел живот. Бидејќи нивниот живот е прилично необичен и интересен, позната американска телевизија смисли реално шоу и тие се главните sвезди.

Имено, тие живеат под ист покрив и заедно ги воспитуваат своите деца.

- Се чувствувам како родител на детето на Џош, не правам никаква разлика и мислам дека и мојот брат се чувствува исто. Се чини дека сме едно семејство, а не два одделни парови со своите бебиња - вели Јерми.

View this post on Instagram

A post shared by Josh, Jeremy, Brittany, Briana (@salyerstwins)



Тие го споделуваат целиот свој живот со своите гледачи, а во една од епизодите сестрите покажаа како ги дојат децата едни на друга.


Судбина: Сестри близначки се омажиле за близнаци, сега имаат синови кои се родени скоро во исто време