Северина преку ноќ стана Црногорка....Ова што го направи.... ФОТО

Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ повторно ги воодушеви своите многубројни следбеници на Инстаграм, овој пат со објава од Црна Гора. Пред настапот во Бар по повод Денот на независноста, Северина сподели фотографии од навистина посебна модна комбинација, упатувајќи срдечни честитки.
- Среќен Ден на независноста на Црна Гора! – напиша таа и им се заблагодари на Матија Вујица и Катија Шимундиќ за, како што рече, „ремек-дело на фустан“.
Многу следбеници беа воодушевени од нејзината комбинација.
„Браво Сев, ти благодарам што прослави со нас“, „Совршена, секогаш и засекогаш, премногу посебна. Те сакаме Севе!“, „Феноменален концерт!“, „Ти си божествена“, ѝ напишаа со коментари, а се огласи и Алка Вуица и и порача: „Убава како и секогаш“.
ФОТО: Инстаграм/официјален профил Северина Вучковиќ