Северина со поддшка за Невена, мајка на која ѝ е одземено четиригодишното дете од судот: „ Мора да бидете јака, ве гушкам силно, тука сум за било каква помош“

Приказната на Невена Спасеска, мајка од Скопје на која по разводот одземено и е старателството на нејзиното четиригодишно дете, по одлуката на Основниот суд во Охрид и Апелациониот суд во Битола, ја крена македонската јавност на нозе.
„Целиот процес беше како инквизиција. Поминав низ институционално насилство. Пресудите се базираа на апсурди – од тоа дека детето треба да биде со таткото бидејќи има повеќе пари, до тоа дека малите градови се подобри за деца. А јас? Јас не постојам во тие пресуди“, изјави Спасеска за А1Он.
На приказната на Невена, реагираше и хрватската пејачка Северина која ја поддржа младата мајка, со оглед на тоа што пред скоро една година и пејачката како мајка помина низ истнаото, кога од нејзиниот поранешен сопруг и беше одземено старателството врз нејзиното дете.
„Многу ми е жал што Ви се случува сето ова затоа што поминав институционално насилство и корупција. Мора да бидете јака, се надевам ја имате поддршката од родителите, но и материјални средства за добри адвокати. Ве гушкам силно, тука сум за било каква помош”, напиша Северина.