Шенон Доерти без грам шминка: Уморна сум од холивудскиот стандард за убавина!
Фото насловна: Profimedia
„Да,
преживеав многу. Сега се прифаќам
себе си. Конечно“,
рече славната актерка
Холивуд наметнува посебни стандарди за убавина и живеење. А, за сите оние кои се дел од оваа машинерија, тешко е да излезат од маѓепсаниот круг и да си дозволат гревови на обичните смртници, како што е лице без шминка.
Но, се чини дека познатата актерка Шенон Доерти одлучи да ги отфрли овие дисциплини и да им пркоси на токсичните стандарди за убавина.
Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс 9021“ објави фотографија без шминка и филтри.
-Гледајќи ги филмовите вечерва, забележав дека има малку женски ликови со кои би можела да се поврзам. Знаете, жени без филери, без ботокс, без лифтинг на лице. Жените кои го прифатиле своето лице и искуството што го покажува тоа - ја започна својата објава на Инстаграм.
Таа сакаше да нагласи дека нејзиното лице го отсликува она што го доживеала во нејзиниот живот.
- Поминав многу. Да, рак, но повеќе од тоа. Се прифаќам сега. Конечно. Готово е со перцепцијата за убавина што Холивуд и магазините ја туркаат и се обидуваат да нè вовлечат во неа. Сакам да видам жени како мене. Жени како нас- заклучи таа.
Инаку, на актерката и беше дијагностициран рак на дојка за прв пат пред шест години, и отворено зборуваше за својата борба со оваа подмолна болест. Две години по дијагнозата, Шенон објави дека е во ремисија. Меѓутоа, во февруари 2020 година откри како нејзиниот карцином се вратил и напредувал во четвртата фаза.
Фото: Инстаграм/Шенон Доерти
Можеби ќе ве интересира:
Лавицата дочека уште еден роденден: И покрај тешката болест, актерката Шенон Доерти не се предава и верува во чуда