Што велат туристите за Грција: Какви цени ги дочекаа за гиро, кафе, лежалки ....
Многумина се израдуваа со отворањето на грчката граница, други го испланираа одморот а трети веќе се сончаат на убавите песочни плажи. Иако условите за влез во Грција редовно се ажурираат во сабота, сите се надеваат дека нема да има поголеми проблеми поради пандемијата и тие се задоволни од најавите дека цените нема да се променат значително во споредба со годините пред короната.
Она што повеќето од вас ги интересира се цените. Српските медиуми веќе објавија како се движат цените за ноќевања, како и за храната.
Десет ноќи во јули за 150 евра
За десетдневен престој, генерално треба да одвоите слична сума како и пред пандемијата, но за најбараните датуми во јули и август, сепак е потребно да заштедите до 700 евра за 10 ноќевања во двокреветна хотелска соба.
На почетокот и средината на јули, може да се најдат 10 ноќевања во апартмани на Халкидики од 160 евра. На Тасос во екот на сезоната можете да поминете 10 дена во хотел за 290 евра, додека престојот во вила во Ставрос ќе ве чини околу 150 евра. Цената е слична во текот на август.
Во Ханиоти, 10 дена летен одмор во вила ќе ве чини нешто повеќе од 400 евра во јули. Во Лефкада, цените на сместувањата во средината на јули се движат од 35 евра по лице, а таквите цени ве очекуваат во јули и август во Скијатос и Полихроно.
Кафе од 2,5 до 3 евра, гиро од 3 до 7
Што се однесува до трошоците без пансион, кафето може да се пие за 2,5 до 3 евра, во зависност од летното одморалиште, но и видот на објектот. Безалкохолни пијалоци чинат од 2 до 3 евра, а свежо цедените сокови се 4 евра.
„Ако сепак се одлучите за пиво, просечната цена на стандардната марка е од 3 до 5 евра, додека крафт пивата се од 6 до 7 евра. Може да добиете половина литар вино за 5 евра, а локалното узо чини 8 евра. Цените на класичните коктели се движат од 7 до 8 евра“, ни ги кажуваат ценовниците нашите туристи кои летуваат во Грција, пишува српски блиц.
Што се однесува до омилениот специјалитет - гиро, кој во претходните години секогаш чинеше од 2 до 2,5 евра, просечните цени сега се од 3 евра за помал до 7 евра за поголемо, и цените на скара, ќебапи и хамбургери се слични . Свинското ребра чини 7,5 евра, а цело пиле може да се добие за 8 евра.
„Може да јадете пица за 8 до 12 евра, во зависност од дестинацијата. Нешто повеќе егзотични морски плодови се движат од 8 евра за пржени лигњи и школки до 12 евра за октопод на скара. Грчката салата чини 6,5 евра, а салатата Цезар околу 10 евра“, наведуваат туристите.
Како што истакнуваат, особено е интересно што некои ресторани во Грција нудат 15 проценти попуст за српските гости.
Лежалки и чадори само со пијалоци
Комплет лежалки и чадори во барови во Пефкохори чини 4 евра со задолжителна конзумација, а цената на кафето е околу 4 евра, така што ви се потребни 8 евра за уживање на плажа.
„Надвор од Пефкохори, има барови на плажа каде добивате лежалка и чадор за сонце со вашата конзумација. Кафето чини 4 евра, пивото 5 евра, со неограничен престој“, раскажуваат луѓе кои моментално престојуваат во Грција.
Во Херманос има две лежалки и чадор за 10 евра, плус конузмација, но според соговорници, тоа е „фенси место“.
Извор: блиц.рс
Фото: Принтскрин Инстаграм