Животна училница // Приказни
Штом бебе помине „од таму“ – нема веќе среќа: Вистината за „широката“ вагина по породување

Д-р Марија Ристиќ, докторка по општа медицина и експерт за анатомија на женското тело, гостуваше во емисијата „150 минути“ и разби еден од најголемите митови поврзани со женската анатомија – дека постојат „тесна“ и „широка“ вагина.
„Тесна вагина не е нормална состојба – таа значи дека мускулите на карличното дно се во спазам, што често е последица на емоционален стрес и неправилно дишење,“ објасни таа.
Според неа, вагината е еластичен орган кој се шири и се собира во зависност од состојбата на телото – при возбуда, при опуштање или во стрес.
По породување, вагиналниот канал може да ја изгуби својата цврстина, но со вежби и правилна грижа, тонусот може да се врати. Таа предупреди дека познатите Кегелови вежби не се секогаш соодветни и најчесто се изведуваат погрешно, што може да создаде дополнителна тензија.
„Карличното дно не е изолиран мускул – тоа е центар поврзан со целиот организам: со дијафрагмата, абдоменот, глутеусот. Затоа пристапот мора да биде холистички,“ истакна д-р Ристиќ.
Таа преку својата едукација и платформата „Весела Вагина“ им помага на жените да го запознаат своето тело, да ги разберат промените и да ја преземат контролата врз своето здравје – без срам и без страв.
Извор: Prva TV