Си родив најдобра другарка: Мајка (35) и ќерка (16) изгледаат како да се сестри
Оваа млада мајка ја следат повеќе од 1,5 милиони луѓе на социјалната мрежа ТикТок.
Летиција (35), инфлуенсерка од Америка, стана сензација на социјалната мрежа ТикТок последните денови, кога објави видео со својата ќерка и целосно ги шокираше нејзините следбеници.
Имено, поради нејзиниот младешки изглед, никој не можеше да претпостави дека има 16-годишна ќерка.
- Не можам да верувам дека имате шеснаесетгодишно дете. Неверојатно - гласи еден од коментарите.
Летиција објаснила дека добила ќерка како тинејџерка и дека тие двете се пред сè и најдобри пријатели.
-Јас си родив пријател за цел живот - напишала оваа мајка.Луѓето често мислат дека се сестри или пријатели, а како што вели нејзината ќерка, воопшто не и пречи, дури и се допаѓа.
- Секако дека не сум љубоморна на мајка ми. Горда сум на неа и на тоа како изгледа - изјави ќерката на Летиција.
Оваа жена откри дека е самохрана мајка цел живот, со што ги охрабрува другите мајки да ги споделуваат своите приказни и на тој начин да ги поддржуваат сите самохрани родители.
- Родив ќерка кога имав 17 години. Таа навистина е моја најдобра пријателка - напиша една од нив.
Многу жени се воодушевени од нејзиниот изглед, па ја прашаа дали има некоја тајна за нејзиниот младешки изглед.
- Јас не изгледав секогаш вака, но последните две години тренирам три пати неделно и се хранам здраво - напиша таа.
Летиција ја пронајде љубовта на својот живот и роди уште едно дете, но како што вели, тоа не ја спречува да биде популарна на социјалните мрежи.
- Можеби сум премногу стара за да бидам тука, но јас сум млада по дух и не гледам ништо лошо во ова - заклучи Летиција.
Извор: Telegraf.rs
Фото:тикток