Следете во живо: Пристигнување на Благодатниот Оган од Ерусалим во Бигорски манастир

Добивај вести на Viber

Вечерва, пристигнува Благодатниот Оган од Ерусалим во Бигорскиот Манастир.

И оваа година, по милоста Божја, нашата Татковина и христијанскиот народ во неа ќе бидат озарени од зраците од Светата Светлина, која на секоја Велика Сабота засветлува од празниот ерусалимски Гроб на славно Воскреснатиот од него. Благодатниот Оган претставува голем благослов за сите луѓе, бидејќи, како сведок на Воскресението Христово, ја испраќа светлосната порака за победата над смртта.

Како и лани, Благодатниот Оган во Р. С. Македонија ќе пристигне од православна братска Грција, а од Атина ќе го донесе директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски. Беше најавено дека авионот со Светиот Оган ќе слета на скопскиот аеродром околу 19 ч., од каде ќе го преземат претставници на сите епархии.

Известија од Бигорски манастир и изразија голема благодарност на сите што со добра волја се потрудија, за овој голем благослов од Христовиот Гроб да засветли кај нас и оваа година!

ВИДЕО од пристигнувањето на Благодатниот оган: