Снеже Велков кажа „НЕ“
Кажав НЕ кој сака нека честита! - напиша Снеже Велков на социјалната мрежа Инстаграм.
Да, убаво прочитавте , кажала „Не“ ама не за тоа што прво ви падна на ум . Таа е омажена веќе долги години и има две прекрасни дечиња кои не ги експонира во јавноста.
Но, на својот „Инстаграм“ често објавува како вежба, вози велосипед, подготвува разни специјалитети, дели совети или пак препорачува книги на оние кои сакаат да читаат.
Овој пат, искрено вели дека од пред некое време научила да кажува ,цврсто,одлучно,големо,јако звучно ГЛАСНО...НЕ!
„Се плашев да кажам "Не" да не случајно разочарам некого,да не ме сфатат погрешно,да не ми се налутат,да не ги изневерам,да не речат сум се вообразила или пак ако кажам "Не" да не помислат сум неспособна.
И на крајот мислев дека ако кажам "Не" автоматски сум лош човек!
И за тоа се си ставав на грб:Јас тоа ќе средам..а да идеме таму,а да направиш ова,а да свртиш до таму,а да прифатиш ова? А да се правиш дека се е во ред иако си повредена.Ај попушти поумна си. .ДА.да.Да
Дури да трепнам се најдов во кругот на премореност,исцрпеност,незадоволство и не моќ.
А најлошо беше чувството на искористеност..
И одлучив да кажувам НЕ
Прво вежбав за полесни одлуки а потоа преминав на покрупните
И по пат изгубив некои луѓе.
Кој во суштина и биле тука само заради моите ДА.
‼️И фино ми е што ги нема..
Некако работите ми се почисти и појасни така.
И често си повторувам.Не.Не.И не.
Оти ми се може
Оти ми се сака.
Оти тоа "Не" му донесе еден куп ДА за мене.
‼️Пробајте...ќе биде тешко.Дури на почетокот ќе се гризете и преиспитувате ќе посакате да си се вратите на старо...ама издржете зошто светот во кој цврсто и одлучно кажувате "Не" е многу поубав!
Завршувам со:
НЕ- е половина здравје.“, завршува Снеже на крајот на објавата.