Со месеци прикован за кревет, Борче боледува од тумор на малиот мозок: Помогнете со донација за операција

Добивај вести на Viber

Борче Гичев е младо момче од 30 години. Тој боледува од тумор на малиот мозок, кој како дополнителна компликација има Hidrocefaluc.

Борче е прикован за кревет веќе неколку месеци, не може да зборува и да се храни. Надеж за големо подобрување на состојбата, дури и целосно закрепнување е операција за која се потребни 11.000 илјади евра кои за жал за Борче се премногу !

Да му помогнеме на ова младо момче, да му овозможиме шанса за живот . Брзината на оваа донација е клучна, со секој ден состојбата се влошува !

Однапред огромна благодарност од Борче и од целото негово семејство кое заедно со него ја минува оваа голгота !