Со неа ослабе 22 килограми: Благодарение на ова мени, Лепа Брена може да се пофали со совршена линија
Пејачката со години строго ги следи овие правила
На самиот почеток на нејзината кариера, Лепа Брена се бореше со прекумерна тежина. Како што и самата вели, еден ден застанала пред огледалото и сфатила дека итно треба да ослабе.
Од тогаш до денес, таа се придржува до ова мени. Благодарение на него, таа има совршена линија, и никогаш не ги врати изгубените килограми.
Кога започнала да јаде на овој начин, за 89 месеци ги намалила килограмите од 89 на 67 килограми.
Пејачката верува дека умереноста е клучот за добра линија и здравје.
- На моја возраст, човек учи дека не треба да претерува во ништо, особено во месото, што главно се наоѓа на менито кај нас - вели пејачката и објаснува како со текот на годините успеала да ја задржи фигурата на која многу жени и завидуваат :
- Секое утро кога ќе станам вежбам јога. Без оглед на тоа колку години имате, важно е да јадете помалку, бидејќи тогаш се чувствувате подобро. Сакам да јадам слатки и некои хамбургери, пица, но се обидувам да не претерувам - заклучи фолк sвездата за „Блиц“.
Еве како изгледа нејзиниот план на исхрана:
Ден 1
Појадок: Мусли направено од овесна каша, бадеми и свежо овошје
Ручек: Риба на скара и зеленчук на пареа.
Вечера: Потаж супа или голема чинија со младо сирење.
2 ден
Појадок: салата и 2 варени јајца.
Ручек: чинија потаж од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук, по избор.
Вечера: салата.
3 ден
Појадок: омлет со брокула и сирење.
Ручек: чинија чорба од зеленчук, 150 гр бифтек на скара, салата од свеж зеленчук.
Вечера: медитеранска салата со туна.
4 ден
Појадок: омлет и салата.
Ручек: чинија чорба, 200 гр бело месо на скара, салата од свеж зеленчук.
Вечера: Цезар салата.
5 ден
Појадок: мафини со пиперки, печурки и јајца.
Ручек: чинија чорба од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук.
Вечера: Сезонска витаминска салата со бело месо.
Фото: Инстаграм/Лепа Брена
Можеби ќе ве интересира:
Најголемата sвезда на Балканот и најголемата светска ѕвезда живеат на иста улица: Кoја пејачка ѝ е сосетка на Лепа Брена?