8 совети со кои станувањето рано нема да ви биде проблем

Добивај вести на Viber

Се верува дека и генетиката игра улога во тоа колку рано ќе се будите. 

Има луѓе кои се генетски програмирани да функционираат подобро навечер, отколку во утринските делови од денот. Нив им е неопходен повеќе сон за нормално да функционираат.

Некои истражувања покажале дека ранобудниците имаат позитивен став во животот, а објаснувањето за тоа е дека имаа поголема изложеност на сонце, односно дневното светло кое го поттикнува хормонот на среќа – серотонин.

Еве неколку предлози како будењето да не ви биде проблем:

1. Можете да ги подготвите алиштата од вечерта, торбата исто така и она што ви треба. 

2. Ако си легнувате кога сте уморни,  брзо ќе заспиете и утрото ќе се разбудите наспани и одморни. Ако пак одите во кревет кога ќе достигнете ниво на премореност, тогаш преголемиот замор нема да ви дозволи веднаш да заспиете, мислите ќе ви лутаат и утрото ќе се разбудите уморни.

3. Наместете го алармот во соодветно време, без да користите snooze опција, затоа што како што тоа само ќе ви направи поголема штета, односно ќе се разбудите поуморни и нервозни. Добро е будилникот да го ставите подалеку од креветот, за да станете кога ќе заѕвони и да се разбудите полесно.

4. Полека истегнете го телото додека сте во кревет, а повторете ја постапката кога ќе станете. Дишете длабоко, од стомакот, бидејќи доводот на кислород е важен да побрзо будење.

5. Напијте се една чаша вода, а потоа ако сакате и кафе. Дајте му шанса да организмот да се разбуди полека.

6. Психолозите препорачуваат будење со тивка музика, бидејќи силниот звук на будилникот може да ве вознемири и да го шокира вашето срце. Агресивната музика предизвикува агресивно однесување.

7. Утринското туширање со топла вода, не жешка, има одличен ефект за будење, но и за вашето здравје.

8. Храната нека биде составен дел од утрото, бидејќи тоа е уште еден начин да му помогнете да се разбуди и да го фати ритамот на денот.