Сопругот на Теа Таировиќ венчан за друга? Еве зошто црквената венчавка доцни

Добивај вести на Viber

Се шпекулира дека сопругот на познатата балканска ѕвезда Теа Таировиќ, Иван Вардај, бил оженет и има ќерка. 

Изворите за спрски „Скандал“ тврдат дека тој бил во брак со една девојка и дека нивните заеднички профили сè уште постојат на социјалните мрежи кои промовираат тетоважи:

Сопругот на Теа Таировиќ наводно не ставил крај на црковниот брак, а Теа сонува да се омажи пред Бога

- Теа уште од првиот ден знае дека е во брак и дека наводно има ќерка, а тоа воопшто не и пречеше. Единствениот проблем беше што тој наводно бил венчан во црква и дека бракот сѐ уште не бил поништен, па не и се исполнила најголемата желба, а тоа е да се омажи пред Бога.
Меѓутоа, кога ќе завршат тие формалности, тие двајца покрај граѓански ќе склучат и црковен брак. 

-Таа влезе во таа врска многу емотивно повредена, а поради целото внимание што ѝ го пружи, беше многу задоволна и деловниот однос кој го имаа на почетокот многу брзо стана емотивен.

Теа го ангажирала Иван како обезбедување и како возач, а потоа по само неколку месеци почнале да живеат заедно и оттогаш не се разделуваат. 

Извор: svet-scandal