Совршено уредена оаза на мирот: Нина Бадриќ ја покажа реновираната викендичка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката честопати остануваше во викендичката минатата година, оваа година бега во својата оаза на мирот веднаш штом ќе ѝ се укаже можност. А следбениците се воодушевени од тоа како ја уредила.

Нина Бадриќ (49), времето помеѓу настапи го поминува во викендичката во Јелса на Хвар, која ја нарекува нејзин втор дом.

Следбениците на социјалните мрежи секогаш се воодушевени кога им дава да ѕирнат во внатрешноста на реновираната викендичка, па затоа деновиве ги почести со нови кадрови од просторот.

Во дневната соба доминира црвената боја, а кујната е тиркизна. Просторот го красат цвеќиња и миризливи свеќи. 

- Мојата совршена кујна - напиша Нина кога гордо го најави местото каде ќе се создаваат вистински деликатеси.

Пејачката заработи еден куп комплименти за сметка на одличниот вкус во однос на мебелот и хармоничните бои.

- „Честитки, среденo по ваш вкус“, „Врв“ - пишуваат сите.


извор:24sata.hr