Животна училница // Приказни
Спенџарска: На завидливите секогаш ќе им бидете трн во око
На завидливите секогаш ќе им бидете трн во око, а
на успешните-додатна мотивација ! - порачува водителката Јелена Спенџарска на Инстаграм.
Таа е меѓу познатите ликови кои на таа социјална мрежа објавува интересни пораки преку кои го искажува сопственото мислење или став за одредена тема. Така и овој пат, со интересна порака, Спенџарска е искрена.
„ПОТСЕТНИК!!!
Оние кои се слични на вас - ќе ве сакаат.
Оние кои би сакале да бидат како вас, а од некои причини НЕ се, баш и нема да ве сакаат..... да не речам- ќе ве мразат!
На завидливите секогаш ќе им бидете трн во око, а
на успешните- додадна мотивација !
На неуспешните и на оние со промашени животи ќе им пречи секој ваш потег, што и да направите...
НЕ е до вас!!!“ - напиша Спенџарска на инстаграм.