Спиев во комбе „Застава“ во Битола и претседателски апртман во Скопје, но каде бев посреќен?! Дино Мерлин зборува за спомени кои го поврзуваат со Македонија

Среќата не е само миг на насмевка или момент на уживање – таа е внатрешна состојба на мир, исполнетост и прифаќање. За некого, среќата е кога е опкружен со луѓето што ги сака; за друг, тоа е кога го остварува својот сон или цел. Таа може да се појави во едноставноста – во вкусот на утринското кафе, во прегратка, во тишината по долг ден.
Но среќата не е постојана состојба. Таа доаѓа и си оди, и токму затоа е толку посебна. Некои велат дека среќата не треба да се бара, туку да се гради – преку благодарност, свесност, и љубов кон себеси и другите. Можеби токму во тие мали избори, секој ден, се крие вистинската среќа.
На ова прашање одговараше и босанскиот пејач Дино Мерлин. Запрашан што всушност за него е среќа, во одговорот ја спомена Македонија каде доживеал два различни моменти, за кои раскажува.
„Неодамна бев во Скопје, Македонија, каде добив награда. Тие имаат еден убав обичај. Македонците се гостопримливи, мене ми дадоа еден огромен претседателски апартман, во кој се изгубив. Јас не го сакам тоа, но ете беа така гостопримливи. И тоа попладне јас смислувам што ќе кажам при добивање на таа награда. Некој мал говор. И сега ми се враќа во сеќавање, таму некаде во 1985 година, кога бевме да свириме во Битола. Одевме прво до Битола, мислам на два дена. Тоа беа стари патишта, во некое комбе фиќо, што вози 60 на час, може да замислите колку ни требало за да стигнеме до Битола. Беше онака ладна сала, немаше таму многу луѓе, не беше ни близу како што е денес. И немавме пари за хотел и спиев во тоа комбе. И сега, прашањето за среќа, и прашање за животот воопшто, мене ми се враќаат спомените. Сега, од позиција на таа ноќ помината во комбе на „Застава“ во Битола и сега во претседателски апартман, поминале точно 30 години. Сега ете велат сум бил успешен. И јас сега во себе сфаќам, Боже драги, помеѓу таа 1985 и таа 2015 година, тие 30 години од 1985 ме чекале, сите овие големи преполни сали, сите овие големи приказни, целиот овој сјај. А 30 години од сега, ме чека болест, старост и смрт. Па, кога сум бил среќен?
Дали таа ноќ во Битола, во комбето на „Застава“, или таа ноќ во претседателскиот апартман, кога ова што е пред мене, не е толку ветувачки“, раскажува Дино Мерлин за „Регионален медиумски сервис“.
Фото: Инстаграм