Среќна, но истовремено тажна глетка: Се огласи преживеаниот гитарист на ДНК и покажа во каква состојба е сега

Добивај вести на Viber

Горан Тонев, младиот гитарист на ДНК кој ја преживеа несреќата во Кочани, остана со тешки последици по здравјето, а поради здравствените ризици веќе месеци се лекува во болницата „Папаниколау“ во Солун. 

Додека македонската јавност се прашуваше во каква состојба се преживеаните членови на бендот на ДНК, тој се огласи на социјалната мрежа „фејсбук“ и објави слика со болничкиот персонал кој се грижел за него изминатиот период. 

Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау” – Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија, стои во неговата објава. 

Покрај благодарноста што ја изрази на тимот во солунската болница, тој изрази благодарност и за професионалниот тим на лекари и грижа која ја добил во болницата во Кочани и Скопје. 

Освен што откри дека сега е во стабилна состојба, тој истакна и жалење за големата загуба на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, а откри и дека изгубил многу другари. 

Моите чувства се измешани, колку што сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“ – напиша тој.

Иако на фотографијата се гледа Тонев како позира до болничкиот персонал, може да се забележи и дека тој се уште е под третман на раните кои му ги предизвикал пожарот. Па затоа оваа глетка многумина ја доживеаа како среќна, но и тажна во исто време поради последиците што несеќата ги оставила на младиот човек како на физички, така и на емотивен план. 

Извор: Фејсбук