Среќни сме кога од утрешниот ден не бараме ништо: Мудростите на големиот Херман Хесе
Херман Хесе (германски: Herman Hesse) (2 јули 1877 - 9 август 1962) — германски писател, поет и сликар, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1946 година.
По природа, хуманист, чувствителен и ранлив, Хесе излезот го бара во психоанализата и во индиската философија, кои претставуваат камен-темелник на целокупното негово творештво. Истовремено, во неговото творештво е присутна романтичарска црта, која може да се разграничи во две насоки: прво, нежна, сентиментална романтика исполнета со копнеж кон минатото и детството и второ, романтиката на внатрешните кризи, озобено изразена во неговите подоцнежни дела.Денес ве инспирираме со неговите мудрости:
*„Ако мразиме некого, тогаш во неговиот карактер мразиме нешто што е всадено во нас самите. Она што не е во нас самите, тоа не возбудува “.
* „Мудроста не може да се изговори. Мудроста што еден мудрец се обидува да ја каже секогаш звучи како лудило“.
* „Сериозноста е предизвикана од преценето време! Но, во вечноста нема време, вечноста е само момент, само доволно за една шега“.
* „Светот е убав кога се гледа без желба за пребарување, едноставно, како дете“.
* „Ништо не било, ништо нема да биде, сè е, сè има свое битие и сегашност“.
*„Сите гревови во себе веќе носат прошка“.
* „Среќни сме само кога не бараме ништо од утре, и од денес благодарно го примаме тоа што ни го носи.
* „Бог не ни испраќа очај да не убие, туку да разбуди нов живот во нас“.
* „… во нашите души го имаме сето она што некогаш живеело во човечките души. Сите богови и ѓаволи што некогаш постоеле ... сите се во нас, ги има како можности, како желби, како излези “.
* „Дури и најнесреќниот живот има свои сончеви часови и под песок и камења, ситни цвеќиња на среќата“.
Foto: commons.wikimedia.org