Старлета од БиХ: Не готвам. Не е камено доба, не сум за домаќинка што мириса на запршка

Добивај вести на Viber

Старлетата од Босна и Херцеговина, Божана Вујиновиќ „влегла“ во расправа со своите машки следбеници откако еден од нив ја прашал „дали знае да готви“.

„Зошто би знаела кога има ресторани“, одговори Божана и тоа го објави на Инстаграм Стори.

„Ова не е камено доба кога жените мораа да готват. Фактот дека можеби нема да можете да ја носите вашата жена секој ден во ресторани е ваша работа, не сите од нас имаме амбиции да бидеме домаќинки, да полниме пиперки и да имаме неамбициозен човек до себе кој би сакал да седи 24 часа и да мириса на запршка“, додаде таа. 

„Ме напнаа овие мажи од каменото доба, о мајко света, треба да се одморам од Инстаграм, ми ја троши енергијата како вампир“, додаде таа.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

„И актерка сум и домаќинка, но никогаш не сум легнала со мирис на запршка во коса“: Некогаш Виолета, денес Милевица само брои години и не се откажува од себе