„Support Kocani“ со вознемирувачка содржина сподели како изгледаат раните на повредените: Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат?

Добивај вести на Viber

Вознемирувачка содржина на социјалната мрежа Инстаграм во приказна споделија од организацијата која најактивно им помага на сограѓаните од Кочани уште од почетокот на трагедијата која го зафати градот на Истокот, и кога во дискотека на смртта животот го загубија 62 лица.

Имено, од „Support Kocani“ споделија фотографии кои ја покажуваат сериозноста на повредените и како изгледаат нивните отворени рани.

„Ове е вистината за повредените. Повредените во нашата болница ги пречекале со отворени рани. Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните. Хипербаричната комора се уште не е во употреба“, пишува во Инстаграм објавата на организацијата.

Од „Support Kocani“ додаваат дека и во следните денови редовно ќе споделуваат ваква вознемирувачка содржина со фотографии од раните, како и сведоштва од повредените и нивните најблиски.



Фотографиите кои се вознемирувачки се наоѓаат на следната страна...


Следна страна