Сузана Манчиќ за „апелот“ да ја глуми Саманта во „Сексот и градот“: Ви благодарам на сите, но не можам да ослабам 20 килограм

Добивај вести на Viber

Водителката Сузана Манчиќ моментално е атракција на социјалните мрежи, каде ја споредуваат со познатата хероина од серијата „Сексот и градот“, Саманта Џоунс.

Имено, откако е откриено дека по 11 години се продолжува снимањето на 10 нови епизоди од популарната серија, Сара Џесика Паркер го најави проектот, така што објави фотографија со своите колешки на која недостасува Ким Картал, која ја оживеа познатата заводничка Саманта Џоунс.

Додека обожавателите ширум светот се шокирани и очајни што во продолжението нема да го има овој лик, Србите секако веднаш најдоа замена - Сузана Манчиќ.

Наведувајќи дека Сузана е русокоса, згодна, „жешка“, весела, со оптимистички поглед на светот, а бидејќи е само една година постара од Катрал, корисниците на социјалните мрежи би сакале да ја видат токму во оваа улога.

„Што ќе ви е Катрал, ете ја Сузана! Светско, а наше!“, „Нашата Сузи е поубава од Ким“, „Нека се појави Сузана на аудицијата за серијата, ќе ја добие улогата“ - беа само некои од коментарите.

По овој повод се огласи и Сузана, која, освен фризурата, не гледа друга сличност помеѓу неа и Ким. Меѓутоа, откри дека секако и годи ваквата споредба.

„Фантастично ми е што, иако наскоро ќе наполнам 65 години и понатаму зрачам со сексапил, но да бидам Саманта - не оди, иако признавам дека ми годи што луѓето ме доживуваат како секс симбол“ - искрена е Манчиќ.

„Им се заблагодарувам на луѓето кои ме кандидираа за улогата на познатата Саманта, но мислам дека заедничка ни е само фризурата“ - низ смеа додаде водителката.

Како што вели, сепак не би сакала да биде дел од Холивуд, а за тоа има и свои причини, главно од морална природа.

„Сепак не би глумела. Холивуд е суров, ќе морам да намалам 20 килограми, а тоа сега е навистина невозможна мисија. Во овие години не би се ни соблекла пред камерите, ниту би глумела во слободни сцени, а сите знаеме каков е ликот на Саманта“ - објасни некогашната лото девојка за „Ало!“.

По повод приказната дека во ТВ серијата „Сексот и градот“ повеќе нема да се појавува ликот на Саманта Џоунс, Манчиќ го заклучи следното:

„Сите со воодушевување ја гледавме таа серија и филмови и тоа повеќе пати, но без Саманта тоа ќе биде само град, бидејќи таа ја внесуваше еротиката и сексот во тој проект.“