Светот уште плаче поради неправдата: На 14 години бил спржен со струја за дело кое по 70 години се докажало дека не го направил!

Џорџ Стини Џуниор е најмладата личност осудена на смрт во САД. Имал само 14 години кога бил погубен на електрична столица во 1944 година.
За време на судењето, сè до денот на погубувањето, во рацете постојано ја држел Библијата, тврдејќи дека е невин. Бил обвинет за убиство на две бели девојчиња (11 и 7 години). Нивните тела биле пронајдени во близина на куќата во која живеел со своите родители.
Сите поротници биле белци. Судскиот процес траел само два часа, а за 10 минути потоа била донесена пресудата. Родителите на детето не биле пуштени во судницата за да бидат покрај него, иако бил смртно преплашен.
Пред погубувањето, Џорџ поминал 81 ден во затвор, без можност да ги види своите родители. Го држеле во изолација, на 80 милји оддалеченост од неговиот роден град. Не можел никого да види, ниту со некого да разговара. Иако имал право на одбрана – тоа го правел без присуство на родители и адвокат.
Убиен е од електричен удар во главата со напон од 5.380 волти.
Со висина од 150 сантиметри и тежина од само 43 килограми, 14-годишниот Џорџ е најмладата личност осудена на смртна казна, пишува Daily Mail.
Бил толку мал што на електричната столица морале да стават книги за неговата глава да стигне до електродите.
70 години подоцна, неговата невиност конечно била докажана од судија во Јужна Каролина.
Девојчињата починале од удар со греда во главата. Деталот е дека гредата тежела 19,07 килограми.
Затоа не постоел физички начин детето да ја подигне, а камоли да ги убие.
Стивен Кинг бил инспириран од овој случај за да ја напише својата книга „Зелена милја“. Книгата е објавена во 1999 година под истиот наслов.
Нека невината душа на ова момче почива во мир, а светот нека не заборави до што води омразата и делењето на луѓето на „подобри“ и „полоши“.
Кобус во Eye's of an Angel / Фото: Краток филм “83 Дена”М.С.К