Светска, а наша: Супер моделот Ана Калачоска го кажа судбоносното ДА, беше гламурозна невеста !

Во петокот вечерта во присуство на одбрани гости и најблиските пријатели нашиот супер модел Ана Калачоска овој пат во вистинска венчаница го изговори судбоносното Да .
Нејзината кариера како модел започна уште во далечната 2004 година кога потпиша договор со светска агенција “NAMES “во Милано . Калачоска беше навистина една од нашите први модели која покрај успесите во Европа реши да се обиде и во далечната Азија се потсетува нејзиниот пријател и менаџер Алек Наумовски .
Покрај големиот успех кој го постигна во Кина и Јапонија , беше и првата македонка која во тоа време имаше и насловна страна за компанијата FUJI FILM . Нејзината фантастична кариера траеше повеќе од две децении во која имаше соработка и со македонските значајни брендови како Лудус , Елена Лука и Кокев .
Иако имаше кампањи и фотографирања каде што носеше раскошни венчаници овој пат приватно беше една од најгламурозните невести . И посакуваме најголема среќа и сме бескрајно благодарни што беше една од нашите први интернационални модели велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент .