Светски рекорд на случени бракови: Нема да верувате колку пати ОВАА жена го изговорила судбоносното „Да“

Добивај вести на Viber

Светскиот рекорд за најмногу бракови склучени од жена го држи Линда Вулф од САД, која во текот на својот живот се омажила 23 пати. 

Таа го поставила овој рекорд во 1996 година, кога се омажила за Глин „Скоти” Вулф, кој исто така го држи рекордот за најмногу бракови склучени од маж — 29 пати. Тие двајца се венчале како дел од медиумски настан, но Глин починал само 10 дена пред нивната прва годишнина.

Линда Вулф првиот пат се омажила во 1957 година, кога имала само 16 години.

Извор: Инстаграм

Најдолгиот нејзин брак траел 7 години, додека најкраткиот само 36 часа. Таа се омажила за различни мажи — од членови на познати бендови, преку свештеници, до осуденици и бездомници. Еднаш се омажила за истиот човек три пати. Во интервјуа, Линда изјавила дека е „зависна од романтиката“ на венчавките, но и дека ако може да го врати времето, би се омажила само еднаш и би останала во тој брак .

Таа починала во 2010 година, на 69-годишна возраст.

Извор: Гинисова книга