Таа е една од најубавите пејачки, пеела на погреб, милионер е вљубен во неа... Знаете ли кој е на фотографијата?

Добивај вести на Viber

Родена е во гратче во близина на Братунац, во Босна и Херцеговина, во 1987 година. Таа вели дека детството го памети како несреќно, но и убаво во одредени моменти. Таа била, како што самата признава, најсреќното дете во соседството.

- Уште од мала тоа ми го кажуваше семејството, јас бев најсреќното дете во соседството. И кога ми беше лошо, се смеев - признала еднаш пејачката и додала нешто што сите ги остави во шок.

Дали ја препознавате пејачката од фотографијата?

- На пример, јас пеев на погребот на мојот кум. Што беше апсурдно. 

Почнала да пее уште пред да стане полнолетна, а на својот настап, кога имала само 17 години, го запознала човекот на нејзиниот живот.

- Тој доаѓаше на секој мој настап во Босна, бидејќи имав само 17 години. Бев малолетна и лудо вљубена во човек кој доаѓа на моите настапи – изјави претходно пејачката.

- По некое време сфативме дека не можеме така веќе. Одлуката да живееме заедно ја донесовме многу брзо, што беше тешко да се комуницира со мајка ми, која е самохрана мајка и за која беше болна разделбата на женско дете толку рано. Сепак, таа не застана на патот на мојата среќа - изјавила пејачката и додала дека нејзиниот сегашен сопруг финансиски и помогнал да го издаде првиот албум.

Дали ја препознавате пејачката од фотографијата? Ако случајно не сте ја препознале и ако не ја знаете нејзината животна приказна, тоа е Маја Беровиќ.

Маја денес важи за една од најубавите и најпопуларните пејачки од овие простори. Со текот на годините нејзиниот изглед значително се промени, а пејачката не крие дека направила и некои естетски корекции на лицето.