Таа има 24, а свршеникот 68 години: „Не сум со него поради парите, ние сме нормален пар“
Иако Кони признава дека многумина ја обвиниле дека ги сака само парите
од нејзиниот постар свршеник, тие успеаја да ги убедат своите семејства дека се
како и секоја друга заљубена двојка. Тие се сретнале во прифатилиште за бездомници
- Луѓето беа шокирани кога завршивме заедно. Најчестиот коментар што го добивам е дека сум со него само за пари, и многумина исто така велат дека Херб е со мене само за секс затоа што сум многу помлада, вели Кони Котен(24), од Вирџинија.
Таа и Херб Дикерсон (68) се сретнале во прифатилиште за бездомници во нивниот роден град Шарлотсвил, каде и двајцата доброволно се пријавиле.
За четири месеци, тие започнале да живеат заедно, а се свршиле минатата година кога Кони прослави 18 месеци без алкохол, односно година и половина не ставила капка алкохол во уста.
- Моето семејство беше во шок на почетокот и тие не ја одобруваа врската. Тие беа загрижени за мојата безбедност, но со текот на времето го прифатија затоа што видоа колку ме прави среќна и дека можам да му верувам. Херб сега е дел од семејството, рече таа.
Таа вели дека веднаш се почувствувала привлечена од Херб, а нивната врска станувала посилна кога се поврзале преку нивната борба со закрепнување од зависноста.
- И двајцата бевме на рехабилитација и тоа е всушност она што ме привлече кон него. Тој ме запроси минатата година, додека славевме 18 месеци без алкохол. Инаку за тоа добиваш медал, но тој дојде со прстен. Кога се сретнавме, тој веднаш ме привлече. Почнав да флертувам со него, и тоа многу го изненади. Почнавме да поминуваме сè повеќе време заедно, а потоа работите се движеа прилично брзо, рече Кони.
- Отпрвин не знаев што да мислам. Необично беше да флертува со мене, на местото каде што работев. Не знам што ја привлече кон мене, но таа настапи прилично силно. Моето семејство рече дека таа е премногу млада, а некои велат дека ги сака само моите пари, но со текот на времето тие ја прифатија. Живеев со неа и нејзините родители за време на локдаунот минатата година, така што тие успеаја да ме запознаат прилично добро. Таа има сосема поинаква енергија од жените на моја возраст и е многу отворена - додаде Херб.
Кони, пак, признава дека се грижи за иднината и колку време и останува со Херб, но таа е решена да го искористи тоа време на најдобар можен начин.
- Размислував дека Херб нема да биде овде толку долго, како сум јас, но повеќе сакам да го поминам тоа време со него, отколку да се откажам. Има многу придобивки од излегувањето со постар човек. Сакам едноставен живот без игри и компликации. Јас само сакам да го живеам животот со моето семејство во среќа. Херб, пак, рече дека една од предностите на врската со помлада девојка е што сè уште имам желби и цели. Јас сум многу фокусирана на остварување на моите цели, а жените на негова возраст веќе воопшто не размислуваат за тоа - заклучи таа за Дејли Меил.
Фото: Инстаграм/connicotten
Можеби ќе ве интересира:
Кристина се омажила за 33 години постар милионер, имаат 21 билолошко дете и 16 дадилки: Ова е нивната приказна