Тајниот рецепт на Цеца за струк од соништата: Овој добро познат специјалитет го подготвува и јаде само во одбрани денови

Добивај вести на Viber

Цеца Ражнатовиќ е позната како личност која не е љубител на кујната, но тоа не важи и за добриот залак. Во нејзината вила се готви редовно, но за таа улога е задолжена нејзината сестра Лидија.

Бидејќи семејството на фолк дивата строго ги почитува православните пости, во нивниот дом се пости за време на сите четири пости во годината, а храната се прилагодува по тие правила. Едно од омилените посни јадења кај нив е питата со шампињони – рецепт кој Цеца го опишува како едноставен и вкусен.

„Мајка ми инсистираше јас и Лидија на време да научиме сè што се однесува на готвењето, но сега би лажела ако кажам дека го правам тоа. Не уживам, ниту пак ме интересира. Да се разбереме – ако морам, секако дека би готвела. Ништо од тоа не ми е туѓо, само што имам можност да изберам. Не сум некоја готвачка, но затоа сум одлична домаќинка. Кога и да ми дојдат гости, секогаш се добро послужени и угостени, и стојам зад тоа,“ изјавила Цеца претходно.

Рецепт за посна пита од шампињони (по рецепт на Цеца Ражнатовиќ)

Потребни состојки:

  • 500 грама кори за пита

  • 500 грама шампињони

  • 2 мали стукчиња праз

  • 1 дл масло

  • малку кисела вода

  • 1 прашок за пециво

  • мешавина зачини, бибер, сол


Подготовка:

Празот ситно исечкајте го и динстајте го на масло додека не омекне. Потоа додајте ги печурките и зачините. Динстајте сè додека не испари течноста од печурките.

Корите поделете ги на три дела. Првите две кори премачкајте ги со мешавина од масло и кисела вода. На третата кора ставете од филот со печурки. Се витка во ролна и се реди во плех обложен со хартија за печење.

Печете на 180 степени додека корите не добијат златеста боја.

Извор: svet-scandal