Тамара, секоја ти чест! Еве колку пари се собрани од продажбата на билетите од нејзиниот концерт за Кочани

Пеела пред вљубени двојки и осамени, пред среќни лица и тажни погледи, пред опиени луѓе од радост или од болка. Но, Тамара Тодевска на хуманитарниот концерт кој се одржа во МКЦ призна дека во својата богата, децениска кариера, никогаш не доживеала толку емоции и емпатија на ниеден настап.
„Овој концерт никогаш нема да го заборавам и ќе ми остане во најдлабоко сеќавање“ рече таа.
На сцената се појави моќно, како и нејзиниот вокал, облечена во црн костум на Александар Ношпал, кој го красеше голем брош од солза, графичко решение на Љубан Стаменовиќ, а изработен од Марија Марси Таировска, симбол на трагедијата во Кочани во која животот го загубија 63 лица.
Солза која беше присутна на нејзиното лице во текот на двочасовниот концерт. Солза која секогаш ќе биде сведок на најголемата македонска трагедија.
Од Support Kocani објавија колку пари се собрани од продажбата на билетите: